
СВЕТСКИ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ
Првата помош е еден од најзначајните сегменти во делувањето и работењето на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, при што секогаш доследно го следиме мотото:
„Првата помош спасува живот!“
Традиционално, на 12 септември 2026 година го одбележуваме Светскиот ден на прва помош, кој оваа година е посветен на темата „Прва помош и миграции“.
Навременото и правилно укажување прва помош на мигрантите е од исклучително значење, имајќи предвид дека во текот на нивното движење тие можат да бидат изложени на бројни опасности, ризици по здравјето и тешки климатски услови. Со соодветно знаење и навремена реакција можеме да придонесеме за зачувување на човечкиот живот и спречување на дополнителни здравствени ризици.
Во пресрет на Светскиот ден на првата помош, на 11 септември 2026 година, беше реализирана двочасовна обука по прва помош за вработените во НЛБ Банка, на која учествуваа вкупно 28 вработени.
Преку ваквите обуки продолжуваме да ја шириме свеста за значењето на првата помош и да ги зајакнуваме знаењата и вештините за правилно и навремено реагирање во итни ситуации.
Знаењето прва помош значи подготвеност да помогнеме тогаш кога е најпотребно.














































