
ноември 30, 2025
Реализација на кампањата „Борба против гладта“ со помош на вработените од Стопанска банка А.Д Скопје
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар
Реализира на кампањата „Борба против гладта“ со помош на вработените на Стопанска банка А.Д Скопје
Вработените на Стопанска банка А.Д. Скопје и оваа година ја покажаа својата хуманост и посветеност, донирајќи парични средства со кои беа набавени прехранбени продукти и други неопходни намирници за подготовка на семејни пакети со храна. Истите беа наменети за социјално загрозени семејства на територијата на Општина Центар.
Искрено им благодариме на вработените од Стопанска банка А.Д. Скопје за нивната континуирана поддршка, хуманост и помош во реализирањето на кампањата.












































