февруари 22, 2024

Запознавање со ризиците и превенцијата на различни болести на срцето и крвните садови

По повод одбележување на недела на срцевосадовни заболувања под мотото “Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања“, Основната организација на Црвен крст при Комерцијална банка-АД Скопје, на 22.02.2024 година, во просториите на банката, организираше активност од здравствено-превентивен карактер. Имено, обучени волонтери од Клуб на млади од Црвен Крст на РСМ – Општинска организација Центар им мереа притисок и шеќер во крв на вработените од Комерцијана банка.
За време на реализацијата на оваа активност, вработените се запознаа со ризиците како и превенцијата на различни болести на срцето и крвните садови. Им беше препорачано да ја зголемат физичката активност, доколку пушат да престанат и да се хранат здраво.

Настанот предизвика позитивна реакција кај вработените, за што говорат и бројките од 73 лица кои изразија заинтересираност да направат основна проверка на својата здравствена состојба.

< врати се назад