октомври 2, 2024

За големите херои, на малите проекти

Со цел да го уважиме труд на младите за нивната хуманост и посветеност, во рамките во рамките на неделата за Промоција на хумани вредности, на 30.09.2024 година во просториите на Студентскиот културен центар, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар организираше настан за свечено доделување на благодарници за сите вклучени во овогодинешниот циклус од ЦКА-ПХВ програмата.

Оваа година во изработката на проектите вклучени беа ученици од СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито”, СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов” ,СУГС Раде Јовчевски – Корчагин како и постојните членови на Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.

Им благодариме на сите учесници, мини ментори, како и на ЦКА-ПХВ демонстраторот за позитивната промена која ја направија во заедницата.

< врати се назад