декември 1, 2011

Втора ПХВ работилница

На ден 22.11.2011 година со почеток од 9 часот и 30 минути се одржа втората ПХВ работилница на која исто така едно од главните обележја беше бројноста. Сите учесници беа видно заинтересирани за темата на работилницата  и покажаа особен интерес за процесот на изработка на мали хуманитарни проекти. Составен дел од оваа работилница по традиција беше и спотот од познатата британска група U2 за песната „Where the streets have no name“  која пробуди многу емоции низ учесниците. Оваа работилница беше доста успешна затоа што покрај останатото учесниците дознаа како да ги идентификуваат целните групи кои треба да им бидат во нивен фокус со цел да ја добијат помошта која им  е потребна.

Предавачи на работилницата беа ПХВ инструкторите Сузана Талимџиоска Чурлиноска од Прилеп и Александар Гичевски од Неготино. Во текот на оваа работилница беа спроведени и игри за тимска работа, работа во групи, креативност итн. Каде што секој од учесниците доби шанса да ги покажи своите квалитети. Со ова се заокружи циклусот на едукации за ПХВ така што сега волонтерите почнаа со работа во пракса т.е помош на локалното население – ранливите целни групи. Набрзо се очекуваат и првите резултати од овој ПХВ циклус. Оваа ПХВ програма е еден вид на продолжени раце на Црвениот крст која овозможува помош на поголем дел од населението.

< врати се назад