
октомври 9, 2024
Врсничка едукација по Прва помош во ООУ „11 Октомври“ – Скопје
На 02.10.2024 се оддржа работилница по прва помош во Основното училиште 11 Октомври – Скопје. Работилницата ја водеа демонстратори по прва помош од Клубот на млади на Црвен крст Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
Учениците имаа можност да се запознаат со главните термини и поими на првата помош, како и пристапот кон повреден, безбедност на просторот, мерење на витални знаци на повредениот и успешно санирање на повреда.
Вакви работилници за прва помош започнаа на 12.09.2024 година и ќе бидат реализирани во сите образовни институции кои се лоцирани во Општина Центар а дополнително ке се организираат и работилници наменети за различни целни групи.


