октомври 3, 2022

 Време е за Црвената зона за млади во градот!

Одвој неколку минути од твоето време во четврток и дојди на едно интересно искуство полно со различни содржини за млади.
 
🤔 Зошто го правиме ова? Затоа што од 1 до 7 октомври ја одбележуваме Неделата на млади во Црвениот крст под мотото „Биди причина за нечија насмевка“ и сакаме токму ти да дознаеш нешто повеќе за нашата работа. А можеби и ќе те мотивираме да станеш дел од големото семејство на волонтери во нашата организација.
 
Што ќе ти понудиме? Ден исполнет со забава, дружба, нови искуства и секако насмевки.
Нашата програма ти нуди неколку различни искуства на катчињата за ментално здравје, креативна инклузија, промоција на хумани вредности, прва помош и така натаму 🤩
 
Следи нѐ за повеќе детали и се гледаме во Public room во четврток!
 
 
< врати се назад