
декември 27, 2024
Волонтерот Дедо Мраз носи насмевки во ЈЗУ Клиника за детска хирургија – Скопје
Волонтерот Дедо Мраз носи насмевки во ЈЗУ Клиника за детска хирургија – Скопје
На 25.12.2024 во ЈЗУ Клиника за детска хирургија-Скопје волонтерот Дедо Мраз заедно со своето другарче ги посетија децата на детска хирургија.
Овој период полн со новогодишна еуфорија и божиќна магија, ја понесовме со нас и успешно ја пренесовме на дечињата. Дедо мраз со своето другарче си играа со дечињата и ги почестија со новогодишно пекетче.
Голема благодарност до ЈЗУ Клиника за детска хирургија-Скопје што ни овозможија да реализираме ваков настан, и голема благодарност на сестрите и докторите на ЈЗУ Клиника за детска хирургија – Скопје кои ни помогнаа при дистрибуција на пакетчињата.





