
јануари 10, 2024
Волонтер на месец Декември
Како активен волонтер во Црвениот крст, Ивана е позитивна и секогаш насмеана личност. Иако е средношколец, таа е врснички едукатор, со склоност кон менталното здравје на младите.
Во слободно време се бави со свирење на гитара, учење на нови јазици и волонтирање во Црвениот крст.
Посветена, редовна и секогаш спремна за акција Ивана Митевска е нашиот волонтер на месец Декември.

