
декември 10, 2021
ВОЛОНТЕР НА ГОДИНАТА 2021 – ДИМИТАР ТАНУРОВСКИ
Волонтерот Димитар Тануровски е студент во четврта година на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Тој е волонтер и член во Црвениот Крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар уште од 2014-тата година.
Има огромно волонтерско искуство во Црвениот крст и голем број активности зад себе, особено во делот на здравствено-превентивната дејност, а своите волонтерски часови најмногу ги посветува на обуки и промоција на Првата помош.

