декември 5, 2024

“Во заштита на хуманоста”

По повод Светскиот ден на волонтерството 05. Декември, го истакнуваме непроценливиот придонес на волонтерите ширум светот. Нивната посветеност, нивното слободно време и напор е од голема помош во градење на посилни заедници и допринос во донесување позитивни промени на безброј животи. Без разлика дали нудат поддршка во време на катастрофи или ги едуцираат младите преку врснички едукации, волонтерите се срцето на оваа организација.

Денес, ја препознаваме нивната несебичност која ги допира животите и го негува духот на единството и љубезноста, правејќи го светот подобро место за сите.

Ви благодариме, волонтери!

Им благодариме на сите волонтери кои дарежливо дадоа од своето време и енергија. Вашата напорна работа и човечност не инспирираат секој ден, и ние сме навистина благодарни за вашата посветеност. Вие го правите светот подобро место, а ние сме почестени што стоиме покрај вас.

< врати се назад