март 27, 2015

*Виолетов ден*

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар преку својот Клуб на Млади ги реализираме планираните активности но дава и поддршка на различни целни групи кои самоиницијативно организираат работилници, настани, акции за подигнување на свеста на граѓаните во врска со одредена тема. На ден 26.03.2015 , се одбележа Виолетовиот ден за поддршка на лицата со епилепсија од страна на Здружение на граѓани за лица со епилепсија, и родители на деца со епилепсија пред платото на Мајка Тереза со почеток во 17:30 часот.

Кон истиот настан се приклучи и Клубот на Млади на ООЦК Центар, со тоа што дел до тимот за Прва Помош на Клубот на Млади, прикажуваше укажување на прва помош при епилептичен напад за сите граѓани кои беа присутни, додека пак останатиот дел од младинците беа одговорни за делење на виолетовите панделки на случајните минувачи со цел нивно информирање за настанот и давање на поддршка кон истиот.

< врати се назад