ВИ БЛАГОДАРИМЕ!!!
Неколку години наназад О.О. Црвен крст Прилеп го одбележува 5 Декември “Светскиот ден на волонтеризмот” со цел да им оддаде признание на волонтерите посебно на активните без чии ангажман не можат да се реализираат голем дел од програмските активности. Оваа година како финале на целокупната имплементација на активностите од планот по повод годината на волонтеризмот О.О. на денот на волонтерите му даде посебна свечена нота.
Приреден е коктел за членовите на Клубот на млади на кој сите волонтери можеа да се потсетат за историјатот на Црвениот крст, основачот и Принципите водилки на движењето кои се и нивни патоказ. Истовремено беше реализирана и изложба со дел од фотографиите од спроведениот конкурс.
Во контекст на овој текст О.О. Црвен крст Прилеп уште еднаш им изразува благодарност на сите волонтери.