декември 27, 2024

Уште една успешна година со Здружението на пензионери на Општина Центар

На 25.12.2024 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар одржа работен состанок со Здружението на пензионери на Општина Центар.

На средбата присуствуваа претставници од осумте ограноци на ова здружение.

На средбата беа презентирани досегашните активности со членовите на здружението кои беа успешно реализирани во тековната 2024 година.

Како благодарност за оваа долгогодишна соработка тимот на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на оваа работна средба додели благодарници, со цел да се одбележи меѓусебната координирана соработка, да се искаже нашето задоволство и благодарност до Здружението на пензионери на Општина Центар за поддршката и хуманоста од нивна страна.

< врати се назад