ноември 4, 2021

Учениците од ДСУ „Св. Наум Охридски“ научија повеќе за правилниот начин на заштита во време на пандемија преку едукацијата на тема „Заштита од КОВИД-19“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар продолжува со едукациите во рамки на проектот „Без предрасуди во заштита од КОВИД-19“. На 02.11.2021 година се реализираа 2 едукации во кои се опфатија 10 ученици од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.
 
👉 За време на едукацијата на тема „Заштита од КОВИД-19“, учениците имаа можност, освен теоретски, да добијат и практични знаења и заедно со едукаторите да научат како правилно да користат заштитна маска и заштитни ракавици. Освен тоа, практично се обидоа и правилно да ги отстранат заштитната маска и ракавиците, по што добија точни насоки како и каде да ги фрлат искористените материјали. Беше практично прикажано како правилно се користи средство за дезинфекција и која е разликата помеѓу дезинфекција и миење раце, преку употреба на материјалите кои ги добија за време на првата едукација.
 
👉 Таблет компјутерите на оваа едукација ги употребија за, преку слики и видеа, самите да одлучат што е правилно, а што неправилно при заштита во време на пандемија на КОВИД-19.
Продолжуваме со активностите во рамки на проектот „Без предрасуди во заштита од КОВИД-19“ до крајот на годината.
 
 
< врати се назад