јануари 27, 2025

Традиционална крводарителска акција во чест на Тоше Проевски

По четиринаесети пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со ИТМ ја организираа традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески.

Крводарителската акција се реализираше на 25.01.2025 година (сабота) во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.

Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ од помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост.

180 дарители ја посетија акцијата од кои голем број млади, денес даруваа крв во чест и спомен на Тоше Проески.

Благодарност до сите кои ја посетија крводарителската акција, како и до Zivko Popovski-Cvetin и Diamond Mall Skopje кои дадоа поддршка за промоција на оваа активност.

Во прилог ја пренесуваме атмосферата од оваа крводарителска акција!

< врати се назад