
јануари 27, 2023
Tрадиционална крводарителска акција во спомен на Тоше Проески
По деветнаесети пат Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со ИТМ ја организираа традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме.
Крводарителската акција се реализираше на 25.01.2023 година (среда) во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.
Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 300 единици крв.
Благодарност до сите хумани граѓани кои ја посетија акцијата и даруваа крв, како и голема благодарност до волонтерите и професионалната служба за успешната реализација на акцијата.
