декември 11, 2012

Светски ден на волонтерството

Волонтерите како и во секоја организација така и во Општинската организација на Црвен крст Прилеп се движечката сила на активностите кои што ги реализира организацијата. Волонтерите се важен дел кој не смее да биде изоставен ниту пак смее да се дозволи да се одлучува во нивно име. Покрај сите важни датуми кои беа одбележани со помош на волонтерите беа реализирани и уште многу други активности на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп. Така, Црвен крст Прилеп сакајќи да им се заблагодари на своите волонтери организираше мал скромен коктел во своите простории по повод 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството со што сакаше да им покаже на волонтерите дека тие завземаат многу важно место во организацијата.

На коктелот присуствуваа 40 волонтери кои што одвоија дел од своето време за заедничка дружба. Покрај дружбата се евоцираа и спомени од веќе реализираните активности. Покрај ова официјално одбележување на денот на волонтерството Клубот на млади организира и многу други неофицијални дружења, излети и други активности кои помагаат при поврзувањето на волонтерите и градење на целосен тим кој лесно ги реализира зададените активности и задачи.

 

< врати се назад