
Свечена церемонија по повод завршување на ЦКА – ПХВ циклусот 2025.
На 25.09.2025 година, во просториите на Студентскиот културен центар , се одржа свечена церемонија по повод завршувањето на циклусот „ЦКА-ПХВ“ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности) за 2025 година.
На настанот присуствуваа учесниците од ПХВ тимовите, мини ментори, волонтери и гости, кои заедно ја одбележаа успешната реализација на проектите. Преку фотографиите и видеата беа прикажани креативните и хуманите идеи што младите ги спроведоа во заедницата.
Посебен момент беше доделувањето на благодарници за учесниците, мини менторите и десиминаторот, со што се изрази признание за нивниот придонес и посветеност. Атмосферата беше исполнета со емоции, гордост и заедништво, а младите ја истакнаа својата желба и понатаму да продолжат да делуваат во духот на хуманоста.
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар упатува искрена благодарност до сите што беа дел од овој циклус, кои со својата енергија и креативност оставија трага во заедницата и покажаа дека хуманоста е вредност што трајно се пренесува.


