мај 18, 2011

Спортско-хуманитарна акција „За Сите деца“

Општинската организација на Црвен крст Прилеп со своите активности во континуитет придонесува кон подигање на свеста кај општото население, поттикнувајќи го сочувството, епматијата, солидарноста и справувањето со ранливоста кај населението.

Во  периодот на месец мај согласно Акциониот план во центарот на градот се реализира традиционалната спортско-хуманитарна акција ”За сите деца” која во континуитет се организира неколку години наназад од страна на Општинската организација на Црвен крст Прилеп, Центарот за деца со посебни потреби “Ѕуница”, а оваа година е поддржана од Комерцијална банка.  Општинската организација на Црвен крст Прилеп со своите волонтери организира  трка во две категории во кои учество земаа 200 учесници, во категоријата на подмладок се натпреваруваа и корисниците на Дневниот центар. Општинската организација на Црвен крст Прилеп за првопласираните три места во двете категории  обезбеди награди.

Во оваа јубилејна година активностите се збогатени со цел соодветно да се одбележи и 9 годишниот јубилеј на Центарот за деца со посебни потреби “Ѕуница” од неговото функционирање, а активноста покрај остварување на целта на ресоцијализација на целната група обезбеди  и анимира на граѓаните, институциите од општина Прилеп да дадат свој допринос и општествена одговорност кон намалување на ранливоста кај своите сограѓани.

< врати се назад