октомври 13, 2021

Симулациска вежба во ООУ „Димитар Миладинов“

Во училиштето ООУ Димитар Миладинов Центар во општина Центар, на 13-ти октомври 2021 година, се спроведе симулациска вежба за евакуација од пожар на сите учениците и вработени во училиштето.
 
 
 
 
За реализација на вежбата се вклучи екипа по Прва помош, која е составена од 6 волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, кои се ученици во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”/ SHMMQSH”D-r Pançe Karagjozov”, под менторство на волонтер со долгогодишно искуство во областа.
 
 
 
Целта на вежбата е брзо, ефикасно и навремено евакуирање на сите кои се наоѓаат во зградата на училиштето, преку што би се зголемила подготвеноста на вработените доколку се соочат со иста или слична ситуација во иднина.
 
 
< врати се назад