декември 13, 2022

Сандачиња со материјали по Прва помош за сите градинки во Центар

Во месец октомври 2022 година, вработени во стручната служба на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар спроведоа проценка на терен во градинките во општина Центар, односно ЈУДГ „Кочо Рацин“, ЈУДГ „13 Ноември“ и ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин“ со сите нивни клонови (вкупно 11 објекти), за потреба од сандачиња со материјали по прва помош.
На проценката е установено дека градинките имаат потреба од вкупно 41 ново сандаче со материјали и дополнување на 5 постоечки сандачиња со материјали по прва помош.
Беа подготвени сандачиња за задоволување на потребите на сите објекти на градинките и истите беа дистрибуирани на 13.12.2022 година во сите градинки.
Активноста се реализираше во соработка со Општина Центар.
 
< врати се назад