март 14, 2012
Роденденска забава
На ден 09.03.2012 година волонтерите на Клуб на млади при Општинска организација на Црвен крст Прилеп организираа мала забава по повод роденденот на штитеник од центарот за деца со посебни потреби. Забавата се одвиваше во Центарот за деца со посебни потреби ,, Ѕуница’’ така што сите штитеници беа вклучени во оваа забава. Оваа активност е дел од редовните активности кои што клубот на млади ги има со овој центар.
Овој настан донесе многу среќа и радост меѓу децата а посебно на славеникот. Со вакви настани се продолжува и во наредниот период така што константно се грижиме за развојот на овие деца и нивното социјализирање и развивање.