март 25, 2022

Реализирана втората работилница за младинците кои се дел од ЦКА-ПХВ програмата

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 25.03.2022 во периодот од 10 до 14 часот, ја спроведе втората работилница во рамки на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“.
Дисеминаторот Ангела Алексова ја спроведе работилницата, преку која, младинците научија преку разни интерактивни вежби, што претставува проект, која е целта на еден проект и како да бидеме успешни во неговата реализација.
Младите, за време на работилницата, беа креативни и преку различни идеи, осознаа на кој начин ќе можат да ги реализираат нивните мали проекти.
Преостанува уште една работилница до започнување со подготовката на малите проекти.
 
< врати се назад