
ноември 5, 2024
Работилница на тема “Намалување на штети од употреба на дроги”
На ден 04.11.2024 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар организираше работилница на тема ” Намалување на штети од употреба на дроги”.
На работилницата учествуваа 24 врснички едукатори од петте општински организации кои ги унапредија своите знаења во однос на оваа тема која е од голема важност за младите, средината и целото општество.
Во отворена дискусија, споделување на новите политики за ПАС и намалување на штетите од ПАС , преку оваа работилница успеавме да допреме и објасниме многу дилеми, прашања во однос на оваа проблематика кој претставува видлив проблем во општеството.


