октомври 17, 2024

Работилница на тема “Борба против трговија со луѓе“

Црвениот крст на РСМ како член на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и оваа година се вклучува во одбележување на 18 Октомври –  „Европски ден на борба против трговија со луѓе“.

По тој повод Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, реализираше работилница на тема “Борба против трговија со луѓе”, на која беа присутни волонтери и членови на Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.

Работилницата беше наменета за запознавање со нови поими и карактеристични информации како и продлабочување на знаењата на присутните.

< врати се назад