мај 30, 2022

Работилници во склоп на ЦКА-ПХВ проектот „Инклузивно катче – забава за сите“

Во рамки на „ЦКА-ПХВ“ програмата, младинците од СУГС „Јосип Броз – Тито“ повторно на средба со учениците со попреченост од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.
Тие реализираа креативна работилница за печатење керамички чаши со името на проектот на македонски и албански јазик. Чашите ги испечатија заедно со учениците од Графичката струка и со поддршка на одговорниот професор, а потоа изработија и кутии за пакување на истите.
Погледнете ги сликите за да ја почувствувате убавата работна атмосфера. 💛
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад