
октомври 3, 2024
Прв академски час
Во рамките на свечениот настан Прв академски час, кој се одржа на 01.10.2024 година на платото на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, на покана на Универзитетското собрание на УКИМ, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар постави информативен штанд за минувачите. Целта на овој штанд беше да се промовира работата на Клубот на млади и да се информираат студентите за можностите за волонтирање.
Дополнително, на штандот беа присутни и демонстратори по Прва помош кои ги покажаа своите знаења и ги мотивираа минувачите да го сторат истото.
Голема благодарност до Универзитетско Собрание на Студентите при УКИМ за поканата, се гледаме следна заедничка активност!