
мај 17, 2022
Проект „Хигиена во време на пандемија“ во соработка со Општина Центар
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Општина Центар започна проект на тема „Хигиена во време на пандемија“ преку кој ќе се опфатат сите училишта и градинки на територија на општина Центар.
Во градинката ЈУДГ „13-ти Ноември“ – објект Кукушка на ден 13.05.2022 беше реализирана 1 едукација со дечињата од голема група, со која се опфатија 30 ученици. Во матичниот објект на ден 17.05.2022 беа реализирани 3 едукации преку кои се опфатија 67 дечиња од голема група. Едукатори беа волонтерите од Клубот на млади Мила Трајчева и Анастасија Србиновска Божинова.
За време на едукацијата, акцент се стави на личната хигиена, но и на одржување на хигиена во домот и градинката и хигиена на храната. Се опфати и темата „заштита од корона вирус“, со што научија како најдобро да се заштитиме од вируси и настинки.
Продолжуваме со активности во текот на целиот месец.



