
Проекција на филм “Колку брусници има во светот?“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Здружение на граѓани за поддршка на лицата со посебни потреби „СОЛЕМ“, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Кисела Вода и ПСУ „Алгоритам“, на ден 17.05.2021 во периодот од 18 до 20 часот реализираше ZOOM проекција на филмот “Колку брусници има во светот?“ во рамки на проектот „Деца не се раѓаат со предрасуди“.
Проектот „Деца не се раѓаат со предрасуди“ е проект на Глада Худик Театар од Шведска. Здружението „СОЛЕМ“ е координатор на овој проект во РСМ, а истиот се реализира и во Шведска, Латвија и Грузија.
Целта на оваа активност е подигање на свеста кај учениците, наставниците и пошироката популација за лицата со интелектуална попреченост и надминување на стереотипите и предрасудите.
Филмот прикажува како системот во државата, но и родителите, понекогаш ги спречуваат лицата да ги покажат своите вештини и таленти. Со соодветна поддршка од заедницата и асистентите може да се постигне многу и да се влијае врз промена на системот.
Лицата со интелектуална попреченост треба да се мотивираат и поттикнуваат да ги покажат своите таленти и вештини.
Во филмот глумат актери со и без интелектуална попреченост.
Овој филм е во режија на Пер Јохансон кој, всушност, е и директор на Глада Худик Театар од Худсквил Шведска. Филмот се базира на вистинската приказна на Пер.














































