
октомври 26, 2021
Продолжуваат обуките по Прва помош во средните училишта под мотото „Биди херој во твоето училиште“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар продолжува со активностите во областа на Првата помош под мотото „Биди херој во твоето училиште“.
Првата обука, од предвидените три, на екипата од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ се реализираше денес (26.10.2021) во рамки на училиштето во периодот од 11 до 12:30 часот.
Со обуките по прва помош, во периодот октомври-ноември, ќе се опфатат сите седум средни училишта на територија на општина Центар. Црвениот крст обрнува големо внимание на промоција и практицирање на првата помош.





