јули 17, 2014

Превенција од топлотен бран

Општинската организација на Црвен крст Прилеп, следејќи ги потребите на населението и имајќи ги во предвид опасностите од високите температури овој период организираше едукација за превенција од топлотен бран. Оваа едукација се одржа на 04.07.2014 година во просториите на Здружението на пензионери со почеток од 16:00 часот. Целната група на оваа едукација беше стари лица кои се изложени на оваа опасност земајќи ја во предвид здравствената состојба и нивната изложеност на сонце во периодот во кој се препорачува да не се излегува од домот.

На оваа едукација беше демонстрирано ладење на телото, справување со шокова состојба и справување со повреден кој е во бесвесна состојба со што кај старите лица овие демонстрации пробудија голем интерес и следеа многу прашања поврзани со практични примери кои беа објаснувани. Овој настан уште еднаш ја покажа важноста за реализација на овие едукации посебно на местата каде што има групи на граѓани со цел да се избегнат случаите на повредени од топлотните бранови и затоа општинската организација на Црвен крст Прилеп ќе продолжи во текот на летниот период со ваков тип на настани.

< врати се назад