декември 16, 2011

Превенција од сексуална злоупотреба/педофилија

Согласно препораките и насоките кои што беа дадени од страна на Црвениот крст на Република Македонија и Јавната установа Завод за социјални дејности од Скопје на работната средба одржана во Скопје, општинската организација на Црвен крст Прилеп пристапи кон реализација на договорените активности.
Имено најпрво од страна на О.О. Црвен крст Прилеп и ЈУМЦСР Прилеп беше формиран тим од 4 лица кој изготви план и ги одреди училиштата и термините во кои што истите беа посетени. Во сите четири училишта (1 средно и 3 општински основни училишта) беа договорени информативни состаноци каде што директорите беа запознаени со активностите од кампањата и начинот на реализација а воедно сите изразија заинтересираност и подготвеност за вклученост и соработка во рамките на нивните можности.

По одржаните информативни состаноци со директорите беа реализирани и работните средби со педагошко-психолошките служби во училиштата каде што од страна на тимот беше презентирана претходно изготвената презентација на тема „Превенција од сексуална злоупотреба/педофилија“. Стручните служби од сите училишта изразија подготвеност за соработка и при тоа беше договорено истата презентација да им биде презентирана на Советот на родители и на Наставничкиот совет. 
За овие активности беше информирано и локалното население преку локалните ТВ и печатени медиуми.

< врати се назад