
јуни 13, 2023
Повторна средба со пензионерите од Центар
Првата половина од месец јуни ја резервиравме за дружење со пензионерите кои се членови на Здружението на пензионери на општина Центар. Ги посетивме нивните ограноци Раде Јовчевски-Корчагин, Мирче Ацев и Мито Хаџивасилев-Јасмин, при што за време на посетите, медицински лица – волонтери од Општинска организација Центар мереа ниво на шеќер во крвта и крвен притисок.
Продолжуваме и понатаму со поддршка преку реализација на заеднички активности.

