март 6, 2012

Посета на Македонската опера и балет

На ден 02.03.2012 година волонтерите од Kлубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп заедно со децата со посебни потреби од Центарот ,, Ѕуница ‘’  ја посетија Македонската опера и балет и присуствуваа на детската оперска претстава ,, Јованче и Марика’’. Овај настан беше организиран од страна на Црвениот крст на Република Македонија и ЕВН како голема корпоративно-општествена компанија. Децата уживаа во претставата која за нив претставуваше ново несекојдневно доживување со бенфит на голема радост и дружба. Многубројната публика дополнително ги мотивираше децата да комуницираат како меѓусебе, така и со други дечиња од другите градови.

Настанот исто така помогна во подигнување на свеста за општественото културно живеење кај децата и помогна во нивната социјална инклузија и позитивна автоперцепција. Крајниот резултат беше: пресреќни деца и искрена насмевка која провејуваше во текот на целото патување.
Ова е само еден од настаните кои ги организира Црвен крст на Република Македонија, а во кои учествува и Општинската организација на Црвен крст Прилеп. Активностите кои што ги работи Клубот на млади и ПХВ програмата продолжуваат и за празникот на жената 8-ми Март.

< врати се назад