ноември 21, 2019

Посета на дом за нега на стари лица “Сончев дом Тодоровски“

Во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица, на 20.11.2019, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Општинска организација Кисела Вода реализираа заедничка активност во дом за нега за стари лица “Сончев дом Тодоровски“ во с. Ракотинци. За активноста беше обезбеден по еден симболичен подарок за сите што престојуваат во домот. Посетата на волонтерите од двете општински организации беше пропратена со прекрасна приредба од страна на учениците од ОУ “Драга Стојанова”, по што посетата продолжи со песна и игра во која се вклучија сите присутни. Се надеваме дека на лицата од трето доба им го направивме денот интересен и полн радост.

   

< врати се назад