април 6, 2015

„Помогни ни, помогни си!“

Во склоп на ЦКА-ПХВ циклусот 2015 година, една од групите на млади волонтери како дел од нивниот проект на 04.04(сабота) организираа собирна акција во Т.Ц. Рамстор за едно социјално загрозено семејство. Собирната акција беше организирана по повод христијанскиот празник Велигден, а за таа цел волонтерите на претходно организирана работилница направија рачни изработки кои беа делени во знак на благодарност на минувачите кои донираа.
Креативната работилница се одржа на 3 април, во просториите на ООЦК Центар и беше помогната од страна на волонтерите на Клубот на Млади, но и самата целна група на проектот.

 

< врати се назад