
август 30, 2019
Поддршка за самохраната мајка
Црвен крст на Република Македонија – Општинската Организација Центар на ден 30.08.2019 донираше машина за перење алишта на социјално загрозено семејство. Семејството го сочинуваат три малолетни дечиња и самохрана мајка на којашто ѝ е потребна постојана поддршка и помош. Машината којашто беше донација веднаш знаевме кому му е најпотребна бидејќи во текот на изминативе две години Општинската организација Центар постојано се грижи и помага на ова семејство, ги следи неговите потреби сѐ со цел да го подобри квалитетот на животот на неговите членови.