
март 23, 2022
Поддршка на Федерацијата на Училишен спорт на Македонија и Спортскиот клуб при ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар даде поддршка на Федерацијата на Училишен спорт на Македонија и Спортскиот клуб при ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.
На 23.03.2022 година, во периодот од 11 до 13 часот, Федерацијата организираше Регионални натпревари за ученици со посебни потреби, на кои учество земаа над 100 ученици од 10 училишта од Скопје, Тетово, Куманово и Гостивар.
Се одржаа натпревари во 5 дисциплини, поконкретно тробој, баскет, пинг-понг, полигон и мал фудбал.
Тимот за поддршка се состоеше од двајца искусни волонтери од областа на Првата помош од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар, кои се студенти на Медицинскиот факултет.


