
октомври 27, 2021
Поддршка на Федерацијата на Училишен спорт на Македонија и Спортскиот клуб при ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар даде поддршка на Федерацијата на Училишен спорт на Македонија и Спортскиот клуб при ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.
На 27.10.2021 година, во периодот од 11 до 13 часот, Федерацијата организираше Регионални натпревари за ученици со посебни потреби, на кои учество земаа 60 ученици од 10 училишта од Скопје, Штип, Тетово и Куманово. Се одржаа натпревари во 5 дисциплини, поконкретно тробој, баскет, пинг-понг, полигон и мал фудбал.
Тимот од Општинска организација Центар, кој даде поддршка на натпреварите, е составен од 9 волонтери кои имаат големо искуство во областа на Првата помош, односно двајца студенти на Медицински факултет, еден физиотерапевт и шест ученици кои се членови на екипата по Прва помош од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“.



