Подари љубов, сподели хуманост!
Во пресрет на празникот на вљубените Клубот на млади при Општинска Организација на Црвен крст Прилеп изработи прекрасни подароци како изненадување на вашите сакани. Благодарение на креативноста на волонтерите, украсната хартија на која беа напишани љубовни пораки беше доста привлечна за сите оние кои сакаат да подарат љубов некому.
Оваа акција беше поздравена од младите и нивното задоволство во текот на акцијата беше и повеќе од евидентно. На овој начин Црвениот крст на град Прилеп му додаде една поинаква димензија на овој ден со што покрај љубовта беше споделена и хуманост од страна на младите кои уште еднаш покажаa дека ги поседуваат човечките вредности на кои се темели нашето општество. Оваа акција е со тенденција да биде традиционална и ова е веќе втора година како таа се организира. Клубот на млади при Општинската организација при Црвен крст Прилеп продолжува да работи на своите креативни идеи така што следуваат уште многу настани и изненадувања. Бидете со нас!