февруари 3, 2020

Петочна посета на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост

Волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, почнувајќи од 24.01.2020, секој петок го посетуваат Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на Црвен крст на Град Скопје “Пролет”. Дневниот Центар преку организирање на креативни работилници и едукации има за цел да придонесе кон социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во општеството. Секој петок, во периодот од 9 до 15 часот, волонтери од Општинска организација Центар се дружат со корисниците на Дневниот центар и реализираат различни креативни работилници. Дружбата секогаш резултира со насмевки на лицата на сите присутни и со радост ја очекуваат секоја следна средба. Овие активности ќе продолжат да се реализираат и во претстојниот период.

< врати се назад