декември 7, 2011

Одбележување на 3 Декември „Денот на лица со посебни потреби“

По повод 3-ти  Декември (денот на лица со посебни потреби), Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Прилеп оствари голем број активности со Центарот за лица со посебни потреби ,,Ѕуница ‘’ . Во рамките на реализираните активности се вброи и собирната акција за децата со посебни потреби, која волонтерите ја извршија во централното градско подрачје при што уште еднаш се покажа хуманоста на граѓаните. Исто така по повод овој ден се одржа приредба на која беа покажани  вештините на штитениците, така што беа изведени и музички точки во кои децата уживаа со дружбата на волонтерите од Клубот на млади.

Во знак на благодарност од страна на Центарот беше доделена Благодарница за соработката и вклученоста на Црвен крст во активностите со децата со посебни потреби.  На оваа приредба освен претставници од Црвен крст Прилеп беа присутни и претставници од Локалната самоуправа т.е Градоначалникот на град Прилеп, некои инстиуции и претставниците на корпоративниот сектор кои што ги помагаат активностите на Центарот. На оваа свеченост беа присутни и дел од родителите на децата кои беа доста задоволни од нивниот доесгашен развој, и беа задоволни од соработката со Црвен крст и неговите волонтери. Оваа соработка е само знак на добра синтеза помеѓу Центарот за деца со посебни потреби и Црвениот крст како организација која има јасна визија и мисија за оставање на позитивни примери и дела во општественото живеење.

< врати се назад