март 21, 2012
Одбележување на 17 Март
По повод одбележувањето на 17 Март Денот на Црвениот крст на Македонија и Денот на крводарителството на 16.03.2012 година свечен прием за сите крводарители, истакнати волонтери и поддржувачи се одржа во салата на градската библиотека Борка Талески. Јубилјените признанија од 25, 50 и 75 пати и за истакнати работни организации и институции свечено ги врачи градоначалникот на општина Прилеп господин Марјан Ристески, заблагодарувајќи му се на сите присутни за хуманоста и поддршката која ја даваат на О.О. Црвен крст Прилеп.