
ноември 20, 2024
Одбележување на “Недела на стари лица”
Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Црвениот крст на РСМ од 18 до 24 ноември со соодветни активности ја одбележува „Неделата на грижа на старите лица“ под мотото „Сите сме нивни деца“.
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар ја одбележа “Неделата на стари лица” преку мерење на гликоза на крвта и мерење на крвен притисок на редовни членови во ограноците кои се дел од Здружението на пензионери на Општина Центар.


