ноември 1, 2021

Обуките по прва помош под мотото „Биди херој во твоето училиште“ продолжуваат со полна пареа

Втората обука, од планираните три, на екипата од СУГС „Јосип Броз – Тито“, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар ја реализираше на 01.11.2021 година во периодот од 12 до 14 часот во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“.
Учениците се информираа што треба да направат ако се најдат во ситуација да санираат скршеница, изгореница или друг вид повреда. Секако, големо внимание се обрна и на начинот на запирање на крварење.
За време на обуката се разви дискусија од страна на учесниците кои ги споделија своите лични искуства на темата.
 
< врати се назад