јуни 1, 2023

Обука по Прва помош за учениците од ПСУ „Алгоритам Центар“ и ученици на размена од Нови Сад

Младите демонстратори од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 01.06.2023 година со почеток во 12 часот одржаа обука по Прва помош за вкупно 40 учениците од ПСУ „Алгоритам Центар“ и за ученици на размена од Нови Сад, Србија.
На обуката се опфатија основите на Првата помош, односно срцево-белодробно оживување, санација на скршеници и крварење.
Оваа активност се случува втора година по ред и се радуваме што прераснува во традиција, бидејќи дружбата со учениците од „Алгоритам Центар“ и учениците кои доаѓаат од Нови Сад е одлична.
 
 
< врати се назад