
ноември 5, 2021
Обука по Прва помош во ДМБУЦ „Илија Николовски – ЛУЈ“ под мотото „Биди херој во твоето училиште“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар продолжува со обуките по прва помош во средните училишта на територија на општина Центар под мотото „Биди херој во твоето училиште“.
Првата обука, од предвидените три, на екипата од ДМБУЦ „Илија Николовски – ЛУЈ“ се реализираше на 04.11.2021 година во периодот од 10 до 11 часот во просториите на училиштето.
За време на обуката, членовите на екипата се запознаа со основите на првата помош, што претставува срцево-белодробно оживување, како да постапат во случај на гушење и што да направат доколку дојде до астматичен напад.
Продолжуваме со обучување на екипите по прва помош во сите средни училишта на територија на општина Центар.


