
декември 30, 2020
Новогодишна работилница во Клубот на млади
Во Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, 2020-та година се финализираше со новогодишна работилница која ја водеше дипл. психолог Ивона Анѓелковски. На работилницата која се одржа на 29.12.2020 во периодот од 18.30 до 20.30 часот, волонтерите споделија каков е нивниот впечаток за годината која изминува, како се справуваат со ситуацијата со КОВИД-19 која ги засегна сите аспекти од секојдневното живеење и функционирање, вклучително образовниот процес, начините на социјализација и дружење и одржување на менталното здравје. Зборуваа за начините на соочување со ситуацијата и нејзино прифаќање. Како за крај, преку вежба, волонтерите споделија каква е нивната замисла за 2021 година и кои цели сакаат да ги постигнат во годината што претстои.
Во новата година продолжуваме со online работилници на разни теми кои ги засегаат младите.
Волонтерите од Клубот на млади ви посакуваат среќни празници!













































