април 27, 2021

Недела на солидарност

Црвениот крст на Република Северна Македонија од 19-ти до 25-ти април 2021 година, ја одбележува традиционалната „Недела на солидарност“ под мотото: „Вашиот прилог – значајна помош“.
 
По тој повод, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар обезбеди пакети со храна и пакети со хигиенски средства со кои опфати 45 лица и семејства во социјален ризик и лица погодени од пандемијата на КОВИД-19. По еден пакет со храна и еден пакет со хигиенски средства беа дистрибуирани на 15 социјално загрозени лица и семејства кои живеат на територија на општина Центар.
Дополнителни 15 пакети со храна беа дистрибуирани до социјално загрозени семејства во соработка со основната организација на Црвен крст ЈП „Комунална Хигиена“ и уште 15 пакети со храна се дистрибуираа во соработка со основната организација на Црвен крст „Макпетрол АД“. Дистрибуцијата на пакетите се реализираше во периодот од 13-ти до 26-ти април 2021 година.
 
Поддршката на граѓаните на кои им е потребна помош, особено во овој период на пандемија, продолжува и понатаму.
 
< врати се назад